Брегу: Лидерите на Западен Балкан во Софија ќе го потврдат Заеднички економски пазар ама треба и да го спроведат
Лидерите на Западен Балкан утре во Софија ќе го потврдат новиот Акциски план за нашиот регион, за заедничкиот регионален пазар, но треба да ја преземат и одговорноста за спроведување на планот.

Ова денеска го изјави Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан и ЕУ, како претходница на утрешниот самит Западен Балкан – Еу, чиј домаќин е Бугарија а со кој заеднички ќе претседаваат и Бугарија и Северна Македонија.
„Заедничкиот регионален пазар не е нова идеја. Тоа е одличен план базиран врз четири слободи, исто како и единствениот пазар на ЕУ и потпомогнат со дигиталните, иновациските, индустриските и инвестициските сегменти. Горди сме што тешкиот товар на овој процес го изнесовме заедно со Генералната дирекција на Европската комисија за политиките на соседството и преговорите за проширување, со регионалните организации со меѓународните финансиски иснтитуции и со други партнери. Меѓутоа, владите ќе треба да го преземат бремето на одговорност за спроведување на овој план“, изјави Брегу на министерскиот состанок во рамките на Берлинскиот процес.
На сотанкот учествуваа министрите на Западен Балкан и другите земји вклучени во Берлинскиот процес, а претседаваа министрите за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и на Северна Македонија, Бујар Османи.
Самитот што се одржува утре во Софија, ќе го отворат германската канцеларка Ангела Меркел, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и Генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу.
