Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразил: Најголем пад на производството на кафе од 1965 година

Бразил: Најголем пад на производството на кафе од 1965 година

Долготрајната суша во Бразил веќе однесе околу половина од кафето на плантажите Монте Алегро, додека наредните години состојбата би можела да биде уште полоша, бидејќи оваа латиноамериканска држава се движи во правец на најголемиот пад на производството од 1965 година.

„Сите се молат за дожд“, изјавил Хосе Франциско Периер, генерален директор на компанијата Монте Алегро кофи, која располага со плантажи на површина од 2500 хектари во близина на Алфенаса (бразилска сојузна држава Минас Жераис).

Тој прогнозирал овогодишна жетва од 45.000 вреќи, што е многу ниско во однос на 82.000 вреќи од минатата година, јавува њујоршката агенија Бломберг. После завршувањето на жетвата наредниот месец, производството на кафе во Бразил, кој е најголем светски одгледувач на кафе, би можело да падне дури за 18 одсто на 40,1 милион вреќи, според проценките на бразилскиот Национален комитет за кафе.

Бидејќи пред почетокот на пролетта на јужната хемисфера се очекува влошување на состојбата, овој комитет предвидува дека земјоделците ќе соберат помалку од 40 милиони вреќи во 2015 година, што ќе биде најголем пад во производтсвото на кафе за последните три децении, пренесува Блумберг.

 
Слично

Поврзани вести