Бранка Павловиќ нов претседател на УО на Охридска банка
Бранка Павловиќ е новиот претседател на Управниот одбор на Охридска банка. Надзорниот одбор на Охридска банка ја назначи Павловиќ на местото на Јитка Пантучкова откако доби согласност од Гувернерот на НБРМ.
Павловиќ на функцијата стапува од 1 февруари годинава, а мандатот е четири години.
Пантучкова оди во пензија по 13 години поминати во Сосиете Женерал Групацијата.
Бранка Павловиќ дипломирала eкономија на Универзитетот во Белград и во изминатите 15 години била назначена на бројни раководни позиции во рамките на Сосиете Женерал Групацијата.
Во Сосиете Женерал Србија била назначена за член на Извршниот одбор на банката, одговорна за корпоративниот сегмент и Претседател на Управниот одбор на Сосиете Женерал Пензиски фонд.
Во 2009 година беше назначена за Главен извршен директор на Сосиете Женерал Монтенегро во времетрање од пет години.
Слично
