Бран висок 19 метри регистриран во Атлантикот
Бран со рекордна висина од 19 метри е регистрирана во Атлантскиот Океан, соопшти Светската метеоролошка организација, цитирана од АФП.
Мерењето е направено на 4 февруари 2013 година меѓу Исланд и Велика Британија. За прв пат во историјата е регистриран бран со висина од 19 метри.
Претходниот рекорд од 18,275 метри е од 8 декември 2007 година, повторно во северниот Атлантски Океан.
Во северниот Атлантски Океан брановите се повисоки отколку во јужниот. Причината е дека на север движењето на ветровите и атмосферскиот притисок во текот на зимата се погодни за силни бури.
Зоната, која е погодна за формирање на гигантски бранови, започнува крај островот Њуфаундленд и стигнува до западното британско крајбрежје.
На денот на рекордот имаше ветрови со брзина од 81,1 км / ч.
