Брачен пар одбрал необичен начин да патува по светот
Брачен пар во пензија од Англија одлучил да отпатува до Хонг Конг користејќи само јавен превоз.
Додека другите луѓе сакаат на посакуваната дестинација да стигнат што побрзо, Фил и Ема Вајтинг осум недели поминале во патување и тоа со автобус, траекти, такси, коњи, жичари.
На некои места дури оделе и пеш.
Тие поминале дел од Европа, минале низ Русија и Монголија, а на крајот се нашле во Кина.
Патот ги одвел во Берлин, Москва, Бајкалско езеро, Улан Батор, Пекинг, Шангај, и други градови.
„Делува како нешто што брзо ќе ви здодее, но не е така. Сретнавме многу патници од различна националност кои имаа слични планови“ - велат тие.
Попат поминале 19.000 км и прошетале 16 земји.
Слично
