Босфор ја промени бојата, граѓаните во страв
Босфор во Истанбул ја смени бојата поради што граѓаните беа загрижени, а научниците брзо дадоа објаснување.
Бојата од сина се смени во млечно тиркизна поради што граѓаните беа загрижени.
Некои луѓе мислеа дека се работи за загадување, а други промената на бојата ја поврзаа со земјотресот кој се случи во Егејско Море.
Научниците велат дека нема опасност во промената на бојата која е проследена со остар мирис.
Тврдат дека е зголемен бројот на микроорганизми во водата кои пак се добри за инчуните.
Овие микроорганизми се видливи само со микроскоп, а патуваат од Екваторот до Арктикот.
Слично
