Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борат доби отказ, не го сакаат како Фреди Меркјури

Борат доби отказ, не го сакаат како Фреди Меркјури
Отказ доби познатиот британскиот актер Саша Барон Коен, познат по улигите на Али, Борат и Бруно. Иако беше фаворит, сепак нема да го глуми ликот на Фреди Меркјури во новиот филм посветен на музичката легенда и бендот „Квин“. Според еден од членовите на бендот , Брајан Меј причината за ова е големата популарност на актерот. „Препознатлив е и тоа би им го одвлекувало вниманието на луѓето кои го гледаат во улогата на Фреди Меркјури“,изјави Меј за „Дејли мирор“. Конечната одлука кој ќе го глуми Фреди во филмот ќе се донесе наскоро, вели Меј.
Слично

Поврзани вести