„Booking.com“ со нова услуга за туристите
Онлајн системот за резервација на хотели „Booking.com“ пушти во продажба билети за музеи и центри за забава во Париз, Лондон и Дубаи.
Во Париз услугата „Booking Experiences“ овозможува без да чекате ред да купите билети за Лувр, Версај, културниот центар „Жорж Помпиду“, а исто така и да си платите патување низ реката Сена.
Во Дубаи, корисниците на услугата ќе можат да се обидат во одредени периоди од денот да се искачат на највисокиот облакодер во светот „Бурџ Калифа“.
Откако на корисникот кој резервирал хотел или стан преку „Booking.com“ во овие градови, тој добива „QR-код“, со кој може да искористи од тоа да посетува бројни музеи и центри за забава. Со секоја трансакција „Booking.com“ добива провизија. На крајот на 2016 година „Booking Experiences“ ќе биде достапен и во Њу-Јорк.
