БОКИ13 до Тодоров: Нинче мене ми се смееше, на Нинче денеска му се смеам јас!
Познат во јавноста по разните критики без влакна на јазикот Бојан Јовановски, или како што сите го знаеме Боки 13, напиша статус во кој на мета се најде министерот за здравство Никола Тодоров.
Боки 13 раскажува една интересна случка, и на крај вели дека некогаш Нинче (така на прекар го нарекува министерот) му се смеел иронично, а денес тој му се смее на него и го жали.
„Денеска бев да ги предадам барањата за подобри услови, третман и достоинство на лицата со специјални потреби во Министерството за здравство и пред истото се обратив на јавноста !!!!
Досегашниот Министер за здравство е познат по своите катастрофални потези, но јас имам едно лично непријатно искуство со истиов, па накусо ќе ви го раскажам…. Пред неколку години Нинче седеше во еден ресторан со уште неколку свои полтрончиња и ете ме мене влегувам и јас во истиот тој ресторан со мои пријатели, за жал морав да поминам покрај масата на Министерот за да седнам на својата маса…. Никогаш нема да ја заборавам реакцијата на Нинче кога ме виде, почна да се смее, да биде ироничен, Нинче така сељачки и уличарски почна да ме коментира и исмејува мене со своите полтрончиња….
Тогаш си реков, како може оваков некој да биде Министер, како може некој кој врши јавна функција да нема елементарно домашно воспитување….
Нинче мене ми е се смееше тогаш, на Нинче денеска му се смеам јас и го жалам во исто време!
НИНЧЕ, ДА СЕ БИДЕ РАЗЛИЧЕН И СВОЈ Е ПРИВИЛЕГИЈА, А ДА СЕ БИДЕ НЕВОСПИТАН, УШТЕ ПА И МИНИСТЕР Е ТРАГЕДИЈА!!!!“ – напишал Јовановски.
