Бојан Цветановски- нов претседател на Извршниот одбор на Здружението на финансиските пазари на сите банки во Македонија
На 23-тото Собрание на АЦИ-Македонија – Здружение на финансиски пазари на сите банки во државата, за претседател на Извршниот Одбор е избран Бојан Цветановски од НЛБ Банка, Скопје.
Во Извршниот Одбор на Здружението нов член е Зорица Стојанова од Народна Банка на Република Македонија, покрај постоечките Весна Трајковска од Комерцијална Банка,Сашо Радевски од Стопанска Банка,Скопје и Билјана Јовановска(во отсуство на Фанче Костенчева-Пандиловска) од Охридска Банка.

Мандатот е со времетраење од 3 години и ова е првпат во 23 годишната историја на Здружението, НЛБ Банка да претседава со Извршниот Одбор.

Слично
