Бобо Дајнерс – кум, а Анастас Тановски здравичар за прославата на Бадник
Бадникарите
сигурно зачекорија во четвртата деценија од постоењето и успешната и делотворна
работа. Поддршка
и помош пристигнуваат од сите страни, нивната иницијатива за традиционална дружба и
прослава на Бадник доби јасни и неповторливи
контури и прерасна во хуманитарно
движење и еколошка акција за чиста и убава околина со веќе традиционалното
садење на млади бадникови стебла на падините на Водно во месноста Краста. Скопјани одамна
покажаа што мислат за Бадникарите и нивните следбеници, носе би било
залудно да ги нема со нив младите и полни со елан и идеи кои непоколебливо
стојат на чело и полека ја преземаат носечката улога од ветераните, на нивно огромно
задоволство!

Годинава со видливо одушевување и безмалку со трема, како што и самите признаваат, двете водечки Бадникарски функции ги прифатија едногласно Божидар Јанковски и Анастас Тановски. Првиот попознат како Бобо ќе биде Кум кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а вториот кого скопјани го знаат како Таше ќе ја каже здравицата на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски на 6 јануари во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.
Кумот е стопанственик стар скопјанец и урбан градски лик,сопственикна Дајнерс, а здравичарот скопјани го знаат како виден драмски актер и талентиран музичар, член на бендот на ветераните заедно со претседателот на Бадникарското здружение.
Во очекување сме на возбудливи бадникарски собитија, се по ред како и што сме договорени!!!!!
