Економија, финансии, бизнис

Контакт

БМВ повторно во Македонија!

БМВ повторно во Македонија!

М Кар новиот ексклузивен увозник на BMW и MINI за Македонија и Косово со седиште во BMW/MINI објектот на улица Скупи бр.2, со задоволство го најавува започнувањето на бизнис активностите во Скопје од 26.08.2015.

Од 2015 година, М Кар, компанијата која е авторизиран претставник на BMW Групацијата, Toyota, Mazda, Suzuki и Kia за Бугарија, се прошири и во Македонија и стана новиот ексклузивен увозник за BMW и MINI во Македонија и Косово. Спојувајќи ги своето досегашно искуство и новите стандарди на работење, компанијата е уверена дека ќе забележи успех во ре-лансирањето и продажбата на овие премиум брендови на македонскиот пазар и дека ќе обезбеди сигурна и врвна пост продажна поддршка на корисниците на BMW и MINI.

М Кар, новиот увозник, ќе ги преземе целокупниот имот и постоечките работни простории на BMW и MINI во Скопје и ќе функционира преку нов менаџерски тим, современ пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа на корисници.

Поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на единствените BMW и MINI возила и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар ќе цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите корисници. Компанијата е цврсто посветена на повторно воспоставување на брендовите BMW и MINI на премиум позиција на пазарот, преку обезбедување на највисок квалитет на услуга и одржување на постојан фокус кон севкупните премиум стандарди на работа.

Слично

Поврзани вести