Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнисот смета дека е добро што со здравствените власти ќе договараат како фирмите постепено да се враќаат во нормала

Бизнисот смета дека е добро што со здравствените власти ќе договараат како фирмите постепено да се враќаат во нормала

Стопнската комора на Македонија смета дека е добра идејата што здравствените власти ќе комуницираат со фирмите за тоа како да почнат постепено да го организираат производниот процес, кога постепено ќе почне да се враќа животот во нормала.

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, најави дека од наредната недела се планира започнување на интензивна комуникација со претставници на стопанските комори. Посочено е дека во таа комуникација Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе им дадат јасна насока на економските оператори, на компаниите со производствени капацитети, на угостителите итн., за тоа како да го организираат работниот процес, со цел тој постепено да се врати во нормала откако ќе се донесат одлуки за олабавување на ригорозните рестриктивни мерки.

„Стопанската комора на Македонија ја поздравува ваквата иницијатива. Сметаме дека тоа е вистинскиот приод кон работите. Тоа ќе биде процес во кој сите вклучени луѓе одлично си ја знаат својата работа, од една страна докторите преку Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, а од друга страна искусни бизнисмени од страна на бизнис секторот. Со добра взаемна комуникација ќе можат да се оптимизираат ефектите за посакуваниот краен резултат – постепено враќање на економијата во нормала, а истовремено да се антиципираат и соодветно да се уредат и оперативните аспекти од ваквиот процес. Ова е важно затоа што и самите сектори во економијата имаат свои специфичности. И, што е најважно, сето ова да биде со максимална заштита на здравјето на граѓаните во текот на целиот процес на нормализација на економијата“, велат во своето соопштение од Стопанската комора на Македонија.

Ваквиот начин на комуникација, кога властите и бизнис заедницата, интензивно и квалитетно комуницираат уште во подготвителната фаза, пред да бидат донесени одлуки, е многу важен и корисен за да се постигнат посакуваните ефекти. 

Ова, потенцираат од комората, треба да се воспостави како урнек за во иднина за тоа како треба да се постапува пред носење важни одлуки што ја засегаат економијата и тоа да стане вообичаена пракса. 

Слично

Поврзани вести