Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис вмрежување за поголем успех

Бизнис вмрежување за поголем успех
Осумдесетина компании членки на Сојузот на стопански комори вчера беа дел од бизнис средбата „Од бизнисите за бизнисите“, организирана од ПроКредит Банка и Услужната комора во рамките на ССК со цел да поттикне создавање нови, но и продлабочување на досегашните бизнис релации. На бизнис средбата стопанствениците лично беа советувани околу можностите за бизнис инвестиции и кредитирање од страна на стручните банкарски советници од ПроКредит. Претседателката на Услужната Комора при ССК, Данела Арсовска истакна дека и двете институции се залагаат за подобрување на бизнис климата, како и развој во работењето на претпријатијата. „Сите сме сведоци на економската криза која произлезе од европската должничка криза, која пак дојде кратко по завршувањето на светската економска криза и која на сите ни е сериозен проблем, но и покрај тоа секој бизнис успева да се одржи и да функционира.   За поддршка и развој на компаниите од големо значење е зголемување на кредитирањето, кое во голема мера ќе придонесе за подобрување на ликвидноста на компаниите“, истакна Арсовска. Емилија Спировска- Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка рече дека ПроКредит Банка е партнер на Сојузот на стопански комори работејќи со заедничка цел – поддршка во развојот на бизнисите и нивно понатамошно унапредување. “Измината деценија докажавме дека работевме посветено со активна  банкарска поддршка кон бизнисите, не само во добри туку и во предизвикувачки времиња. Нашите идни планови се зајакната финансиска поддршка кон компаниите од македонскиот услужен сектор и производствениот сегмент по намалени каматни стапки и со повластени услови”- изјави Спировска.
Слично

Поврзани вести