Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис позитива: Тони Стојановски, НЛБ Банка – Лидер и визионер кој создава вредност, но и ги мотивира своите вработени

Бизнис позитива: Тони Стојановски, НЛБ Банка – Лидер и визионер кој создава вредност, но и ги мотивира своите вработени

Содржината е преземена од Radar.mk

Сталожен, принципиелен и со искрена почит кон луѓето, Тони Стојановски значително ја измени перцепцијата за улогата на банкарите во земјава. Тој не е само менаџер, туку лидер кој создава вредност и за институцијата и за пошироката економија. Под негово водство, Банката не само што бележи раст, туку поставува и нови стандарди во квалитетот на услугите и дигиталната трансформација.

Така што не е случајно што НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија.
Наградата претставува силна потврда за континуираната посветеност на НЛБ Банка кон градење современа и поддржувачка организациска култура, во која вработените се во центарот на вниманието. Преку бројни иницијативи и програми насочени кон нивниот личен и професионален развој, Банката систематски инвестира во создавање услови за кариерен напредок, баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, како и во унапредување на севкупната благосостојба на својот тим.„Во НЛБ Банка веруваме дека вложувањето во луѓето е највредната инвестиција во иднината на Банката. За нас, ова признание претставува силна потврда дека вистински и одржливи промени се создаваат тогаш кога вработените се слушнати, вклучени и поддржани. Преку програмите што ги развиваме, не само што поттикнуваме едукација и професионален развој, туку и ги охрабруваме нашите вработени да бидат двигатели на позитивни промени“,  истакнува по повод наградата Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

„Луѓето очекуваат брзи одлуки, особено кога те следат… Исклучително е вредно да се слушаат луѓето од тимот, бидејќи да се води еден тим не значи дека едносмерно одат одлуките и насоките – секогаш е двосмерно. На крајот сите треба да бидеме убедени во нешто за да можеме да го исполниме. Тоа е нешто што се учи низ годините…“, споделува тој во М6 подкастот.


Слично

Поврзани вести