Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис караванот на Еуролинк ја посети Битола

Бизнис караванот на Еуролинк ја посети Битола

Преполниот ресторан на Хотелот „Епинал“ во Битола вчера попладне беше домаќин на големиот бизнис настан организиран од Еуролинк осигурување. На настанот присуствуваа повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Битола, кои имаа можност да се запознаат со Бизнис комплет пакетот, предностите на бизнис осигурителните пакети, како и ризиците кои претставуваат опасност за секојдневното работење.

BAT_1774

Бизнис Комплет пакетот нуди уникатни решенија и покритија за комплетно осигурување на малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.

‘‘Презадоволни сме од интересот  за Бизнис Комплет караванот и длабоко веруваме дека нашата поддршка ќе придонесе малите бизниси да можат посигурно да чекорат кон понатамошен раст и развој. Навистина секој кој е засегнат и заинтересирантреба да биде дел од Бизнис Комплет караванот, бидејќи придобивките се значајни. Еуролинк и понатаму останува посветен кон развивање на нови и иновативни решенија за бизнисите.“ – изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

BAT_1701

Вчерашниот настан беше третиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој во текот на април ќе продолжи и во другите градови низ Македонија.

Слично

Поврзани вести