Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бизнис инсајдер“ објави мапа со најбогатите и најсиромашните земји во светот!

„Бизнис инсајдер“ објави мапа со најбогатите и најсиромашните земји во светот!

Светски познатиот „Бизнис инсајдер“ повикувајќи се на графиконот кој кружи на Твитер од Иан Бремер објави  кои земји имаат најсилни економии и колку се големи.

Имено ова истражувањето е направено од “Меѓународната програма за споредба“ на Светската банка, кое е едно од најисцрпните истражувања на извори на светското богатство и кој го поседува.

БДП по глава на жител(големината на економијата поделена со бројот на луѓето кои живеат во земјата) се мери на вертикалната Y-оската, а бројот на населението се мери на хоризонталната X-оска.

Ова е графиконот:

screen shot 2015-02-25 at 12.20.47 pm

Можеби ќе ве изненади што земји како Русија и Мексико, кои се сметаат за прилично сиромашни, се наоѓаат помеѓу глобалниот просек на БДП по глава на жител, пишува „Бизнис инсајдер“ .

Исто така јасно е на графиконот колку масивни се Кина и Индија , кои ја сочинуваат речиси половина од популацијата на земји кои се под линијата на „светскиот просек“.

Поголемиот дел од светот, околу 70% се наоѓаат под глобалниот просек ( бидејки богатите земји го влечат просекот нагоре) и е стрмен чекор нагоре: САД го сочинуваат поголемиот дел од богатството во светот, со БДП по глава на жител со само “срамежливи” 50.000 американски долари што е за скоро четири пати повеќе од глобалниот просек.

Слично

Поврзани вести