Економија, финансии, бизнис

Контакт

БизЛинкс – Microsoft Business Central на македонски јазик – продукт на Solutionade за дигитална трансформација на финансиското управување во македонските компании

БизЛинкс – Microsoft Business Central на македонски јазик – продукт на Solutionade за дигитална трансформација на финансиското управување во македонските компании

Македонската ИТ компанија Solutionade, која е сертифициран Microsoft партнер, го лансираше своето локализирано решение БизЛинкс, екстензија на Business Central што е современа „cloud“ платформа наменета за целосно управување со финансиските процеси во малите и средни претпријатија.

Во време кога дигиталната трансформација е клучна за опстанок и развој, БизЛинкс нуди практично и достапно решение кое овозможува автоматизација на административните и сметководствените процеси, подобра контрола на финансиските текови и усогласеност со законските регулатививо Македонија.

„БизЛинкс е создаден со цел да им овозможи на компаниите да управуваат со финансиските обврски и човечките ресурси без потреба од сложени системи и скапи инфраструктури. Веруваме дека секој бизнис заслужува алатка што ја поедноставува секојдневната работа и ослободува време за она што е најважно – растот и развојот,“
изјави Бојан Борисовски, генерален директор на Solutionade.

Клучни карактеристики на платформата

* Интегрирано управување со финансии: фактурирање, наплата, книговодство, ДДВ и банкарско вчитување – сè од едно место.

БизЛинкс е единственото решение на македонскиот пазар за припрема на плати интегриранo целосно со македонскиот систем за плати.

* „Cloud“ технологија: достапна преку интернет 24/7, без потреба од локална инсталација, дел од ненадминливиот Microsoft Cloud ECO System.

* Интуитивен интерфејс: лесен за користење и прилагоден за корисници со минимални технички познавања.

* Македонска регулаторна усогласеност: поддржува домашни даночни прописи и стандарди. 

* Флексибилност за различни сектори: применлив за ИТ компании, маркетинг агенции, консултантски фирми, архитектонски студија и многу други типови на бизниси и професионални услуги.

Придобивки за бизнисите

Со автоматизација на процесите и централизирање на финансиските податоци, компаниите добиваат:

* Подобра контрола и транспарентност во работењето

* Намалени административни трошоци и човечки грешки 

* Брз пристап до податоци и извештаи за носење информирани одлуки

* Сигурност и усогласеност со македонската законска рамка

* Подобрена ефикасност во секојдневното работење

БизЛинкс е пример за тоа како домашна ИТ компанија може да создаде решение што ги следи глобалните трендови, но е целосно прилагодено на потребите на локалниот пазар.

За Solutionade

Solutionade е македонска компанија со долгогодишно искуство во развој и имплементација на деловни софтверски решенија. Фокусот на компанијата е на модернизација на деловните процеси преку Microsoft-базирани технологии и сопствени иновативни производи.

Со БизЛинкс, Solutionade ја продолжува својата мисија да им помогне на компаниите да ја унапредат ефикасноста, продуктивноста и одржливоста на работењето.

Доколку сте подготвени за раст и дигитална трансформација, контактирајте го Solutionade и оставете тие да се погрижат за вашиот дигитален напредок.


ПР објава

Слично

Поврзани вести