Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолски јогурт во ново семејно пакување

Битолски јогурт во ново семејно пакување
Битолска млекара започна со дистрибуција на Битолски јогурт во семејно пакување од 1,5л. во ПET амбалажа. Ова пакување е практично и значително поекономично, што на потрошувачите ќе им овозможи овој производ да им биде достапен по значително пониска цена, соопштуваат од компанијата. Новиот производ го задржува добро познатиот традиционален кисел вкус и квалитет на Битолски јогурт со 2,8% млечни мести, посочуваат од компанијата, а направен е од високо квалитетно пастеризирано млеко и врвна активна јогуртна култура, по современа технологија и врвни стандарди за безбедност и исправност на храната. Производот чуван на температура од 4 °C до 8 °C ќе има трајност на полица во малопродажбата од 21 ден.
Слично

Поврзани вести