Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолчани лажеле луѓе дека ќе ги вработат и заработиле 5000 евра

Битолчани лажеле луѓе дека ќе ги вработат и заработиле 5000 евра
Посебен извештај поднесе СВР Битола  против педесет и три годишниот М.К. и триесет и пет годишниот С.К., двајцата од Битола за сторено продолжено кривично дело „измама“. Во периодот од 2010 до почетокот на 2012 година, пријавените преку повеќе пишани и јавни медиуми објавиле реклами и огласи дека посредуваат при вработување во странство и со лажно прикажување и ветување довеле во заблуда 42 лица од повеќе градови во државата дека за паричен надомест од 2.300 до 24.000 денари ќе им обезбедат работа во странство. На овој начин од лицата наплатиле вкупно 313.480 денари, а ветената обврска не ја исполниле.
Слично

Поврзани вести