(ВИДЕО) Битола: Се одржа осмиот по ред хуманитарен црно – бел бал
Во саботата на 13 декември во битолската сала Балукс се одржа 8 по ред традиционален црно бел бал во организација на Лајнс клубот Битола кој годинава беше посветен на пријателството со Кралството Белгија.
На настанот учествуваа околу 300 гости од Македонија, САД, Белгија, Словенија, Албанија.
Гостин на вечерта беше Џо Престон, претседател на светската организација на Лајонсите.
Средствата ќе бидат донирани за набавка на спортско-рекреативна опрема за спортската сала на Здружение на слепи лица, Здружение на глуви лица и Здружение на лица со телесна попреченост, а се наоѓа во објектот на Центарот за социјални грижи во битолската населба „Карпош“.
На настанот традиционално воведени во членство беа нови личности: Марина Цигарида, Кристијан Велјанов, Емил Паришко и Никола Гацовски
За почесен член беше избран Борис Мијалчев -претседател на Друштвото на дијабетичари, а член на Лајонси со најголем придонес во изминатата година беше Велчо Петровски.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=VyHCgP_qVEA[/embed]
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=VyHCgP_qVEA[/embed]
Слично
