Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛКИ: Кога да ги берете и сушите?

БИЛКИ: Кога да ги берете и сушите?

Неколку правила за собирање и сушење на билки, кои би требало да ги знае секој, пред да тргне во потрага по чудотворните билки. За да бидете успешни во собирањето на билки и нивно успешно сушење, не е потребно да имате претходно предзнаење или пак да сте растени на село, потребна е само желба, која што може да ви стане и хоби.

На самиот почеток е потребна мала подготовка, која што ќе ви овозможи препознавање на карактеристиките на растенијата, бидејќи постојат илјадници различни видови кои што виреат на различни локации. При собирањето на билки многу е важно во кој дел од годината ги берете билките, во која фаза од нивниот раст, но и од исклучително значење е кој дел од билката се користи како чај, мелем итн. Најчесто билките се берат пред или за време на цутењето, плодовите од самите билки се берат кога се потполно зрели, додека пак лековитите корења на билките се берат на есен или пак рана пролет. Пупките на одредени билки се собира пред да се распука, односно пред да го испушти своето семе и тоа најчесто се збира во средина на пролета. Лековитоста на одредена билка е целосно распространета низ целото растение, но е многу важно сите делови од растението одделно да се собираат ( на пример, само листови, само стебла, само корења....). Количеството на лековитоста на одредена билка се менува во зависност од годишното време, дали годината била сува или имало доволно влажност, географска поставеност 9 локацијата каде што вирее) итн.

Алатки и начин на собирање на лековити билки

Растенијата не се кубат или насилно вадат од земја, туку се собираат со соодветни алатки, односно стеблата, лисјата, пупките се кастрат со ножици или нож.

Посебно внимавајте! Некои од лековитите билки се отровни, па затоа Ве советуваме да не се допирате за очи, уста, нос, уши и други делови од телото со рацете. Потоа задолжително е темелно измивање на рацете.

Совети за транспортирање на билки

При транспортот на билките е многу важно да не ги оштетите. Не е пожелно да мешате различни билки на едно место. Чувајте ги одделно. Пред да почнете да ги сушите, потребно е убаво да се отстрани нечистотијата од нив, како и оштетените делови. Важно за секоја билка е да не се стиска и да не се превиткува.

Слично

Поврзани вести