Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс вложува во ароми и парфеми

Бил Гејтс вложува во ароми и парфеми

Најбогатиот човек на светот Бил Гејтс го зголеми својот удел во капиталот на швајцарската фирма „Живодан“ најголем светски производител на ароми и парфеми, на скоро 14 одсто, соопштија од компанијата.

Основачот на Мајкрософт во иднина ќе биде сопственик на 13,86 одсто на акциите од „Живодан“, наместо досегашните 10,29 одсто стои во соопштението кое го пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Како што е наведено, Бил Гејтс во оваа женеввска компанија, која го должи своето име на основачот Ксавиер Живодан, влегол во 2011 со учество од 3,3 проценти, кој од тогаш постојано расте.

Слично

Поврзани вести