Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс открива три вештини за добра работа

Бил Гејтс открива три вештини за добра работа

Бил Гејтс откри кои три вештини би требало да ги имаат оние кои сакаат да бидат успешни на пазарот, а ако науката или броевите ви одат од рака, тогаш сте на добар пат.

Според податоците кои ги собирал со години, легендарниот технолошки претприемач и коосновач на Мајкрософт рекол дека најуспешни луѓе ќе бидат оние кои потекнуваат од сферата на науката, инженерството и економијата.

Во текот на разговорот со еден од шефовите на  LinkedIn Даниел Рот, Гејтс рекол: „Мислам дека знаењето за науката и економијата, т.е. математичките вештини ќе биде она што многу професии ќе го бараат во иднина од кандидатите“.

„Не е нужно сами да знаете да пишувате кодови, но важно е да знаете што можат инженерите и што не можат“, додал Гејтс, истакнувајќи дека таквите работници ќе бидат „агенти за промена во сите институции“.

Гејтс неодамна објави дека ќе вложи повеќе од милијарда долари во борба против климатските промени, така што ќе инвестира во нови начини на производство на „чиста енергија“.

Други богаташи, како што се Ричард Брансон, Џеф Безос и основачот на Алибаба Џек Ма, вложиле 170 милијарди во тој потфат.

Слично

Поврзани вести