Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ: Денес е најдепресивниот ден во годината!

БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ: Денес е најдепресивниот ден во годината!

Празниците завршија, времето е лошо, се враќаме кон секојдневните обврски. 

Не би било чудно ако почнеме да запаѓаме во лошо расположение. Но, не грижете, не сте единствени, бидејќи дојде Мрачниот понеделник - најдепресивен ден во годината. Оваа година тој се паѓа денес, 16 јануари.

Иако тажниот понеделник се одбележува секоја година, изборот на денот не е строго втемелен научно. Датумот е пресметана од психологот Клиф Арнал по формула, кој пресметува фактори како ладно и влажно време, долгови, изминатите денови по Божиќ, општото чувство за ниска мотивација.

Слабата мотивација, како и нарушените новогодишни ветувања, исто така, игра улога за лошата слава на најцрниот меѓу понеделниците и сите други денови.

Истражувачите веруваат дека најсреќните денови во годината се Бадник и Божиќ, следени од Нова година, денот на вљубените и „првиот сончев викенд од годината“.

Сепак, за да ја победите депресијата ви препорачуваме денес да бидете позитивни и да не паднете во депресија поради „лошиот ден“.

Слично

Поврзани вести