Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бидете најдобрата верзија од себе со уникатните часовници на Samsung!

Бидете најдобрата верзија од себе со уникатните часовници на Samsung!

Повеќето луѓе за да станат најдобрата верзија од себе секогаш сакаат да се запознаат себе си и да вложуваат во својот развој. Токму поради оваа причина, беше создаден новиот Galaxy Watch4, кој претставува придружник на патувањето до поздрава верзија на секое човечко суштество. Серијата Galaxy Watch4 нуди сеопфатна низа на карактеристики за мониторинг на здравјето, целосно нов оперативен систем и кориснички интерфејс со подобрени хардверски перформанси.

Ваш личен асистент

Замислете личен асистент кој го следи вашиот крвен притисок, отчукувањата на срцето, го мери нивото на кислород во крвта секојдневно, дури и без да размислувате за тоа. Galaxy Watch4 е опремен со револуционерен биоактивен сензор 3 во 1 и користи само еден чип кој прецизно контролира три моќни сензори за здравствени функции-оптички пулс, електрично срце и анализа на биоелектрична импеданса. Новиот Samsung BioActive Sensor ја прикажува состојбата на телото во реално време и го известува корисникот додека работи на остварување на своите здравствени цели.

Со помош на Galaxy Watch4 сега е можно да ги следите сите фитнес активности и резултати на вашиот часовник и мобилен телефон. Паметниот часовник мери чекори, проверува калории и останува онлајн преку GPS. Galaxy Watch4 открива физичка активност за мерење на рутината на корисникот и поддржува повеќе од 90 вежби за попрецизен извештај за вежбање.

Батерија што трае

Посебна приказна е нејзината долготрајна батерија која можете да ја користите до 40 часа и да се полни многу брзо. Во Samsung, знаат колку е суштински важна сигурната батерија за нашето целокупно искуство во користењето на уредот, така што тие ја дизајнираа опцијата за брзо полнење,  само 30 минути полнење, обезбедувате дури 10 часа траење на батеријата. Значи ништо не може да ве спречи.

Вежбањето е полесно во друштво!

Ќе уживате во секој чекор направен со пријателите и семејството благодарение на уредот Galaxy Watch4. Возможно е да ги следите вашите чекори и да се натпреварувате со пријателите во забавен натпревар преку платформа за разговор во живо. Предизвиците се придружени со прилагодени карактеристики и систем за бодување за да го направат вежбањето поинтересно, да мотивираат, да стимулираат натпревар и дружење пред се.

По активен ден, неопходен е добар одмор

Новиот паметен часовник не спие, дури и кога корисникот заспива. Функцијата за следење на спиењето открива и врши целосна анализа на фазите на спиење. Напредните опции за мерење му овозможуваат на корисникот да ги провери нивоата на кислород во крвта и фазите на 'рчење. Дополнително, доколку се применат најновите информации од Националната фондација за сон, се обезбедува подобар квалитет и подолг период на спиење.

Останете доследни на вашиот стил

Galaxy Watch4 има едноставен дизајн со поедноставена метална рамка Armor Aluminium. Обезбедува супериорен изглед и функционалност за вежбање и секојдневни задачи. Корисникот може да избере од понудените ремени за часовници, вклучувајќи хибридна кожна лента и лента за спорт, за да создаде свој изглед на часовникот.

Можно е да се избере помеѓу аналогното и дигиталното лице на часовникот со мноштво позадини, фонтови и бои што одговараат на сечиј вкус, временски услови или настан. Лесно е да го направите лицето на вашиот часовник уникатно со AR емотикони што го одразуваат стилот, додека анимираната графика покажува активности, како што се трчање или слушање музика.

Убаво работи со секoј телефон

Galaxy Watch4 доаѓа со Samsung Wear OS, овозможувајќи лесно поврзување со уредите Samsung Galaxy. За најдобро корисничко искуство, се препорачува да го спарите Galaxy Watch4 со новиот паметен телефон Samsung Galaxy Z Fold3. Оваа комбинација овозможува нова генерација на технологија на дланка.

Повеќе информации можете да погледнете на следниот линк 

ПР објава

Слично

Поврзани вести