Бежичен имплант може да открие срцев удар неколку часа порано
Научници во Швајцарија развија, според нивни зборови, најмал медицински имплант со поголем број на сензори. Станува збор за чип долг 14 милиметри кој може да мери молекули во крвните садови и тие податоци бежично да ги проследи до мобилниот телефон или таблет.
Научниците тврдат дека нивната направа, наречена „IronIC system“ , може да открие срцев удар неколку часа порано.
- Постои молекул кој се нарекува тропонин кој го испушта срцевиот мускул три до четири часа пред срцевиот удар, односно тогаш кога срцето почне да работи неправилно, истакнува Сандро Карара, еден од водечките членови на швајцарскиот федерален институт за технологија во Лозана и тој вели „нашиот систем може овој молекул да го открие три до четири часа пред немилиот настан.“
Уредот се напојува преку фластер кој се лепи на кожата,а воедно информациите се испраќаат на тој фластер, кој по пат на Bluetooth врска конечно тие информации ги донесува до мобилниот телефон или таблет.
