Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без вода утринава овие скопски населби

Без вода утринава овие скопски населби

Почнувајќи од 9 часот па се до санирање на дефектите без вода ќе бидат неколку скопски населби.

Поради водоводен приклучок од  Ф 100 мм на ул.Ѓорѓи Димитров бб н.Кисела Вода прекинато водоснабдување  ќе  имаат корисниците на дел од ул.Ѓорѓи Димитров и дел од ул.Вера Јоциќ  од  09:30  часот  до завршување .  

Поради  уличен дефект од ф-100 на ул.Ратко Митровиќ 5/19(Драчево),со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.

Поради дефект на водоводна приклучна цевка  од  Ф 5/4 “( цола ) на ул.Товарник 49 н.Ченто прекинато водоснабдување  ќе  имаат корисниците на дел од ул.Сречко Пужалка  и ул.Товарник  од  09:10 часот  до завршување .  

Поради дефект на реконструкција наводоводна мрежа  на цевка од  Ф 200мм на ул.Коста Новаковиќ бр.20 н.Аеродром прекинато водоснабдување  ќе  имаат корисниците од ул. Коста Новаковиќ бр.20 и бр.22 од  10:40 часот  до завршување .  

Слично

Поврзани вести