Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без струја утре дел од Драчево, Карпош и повеќе скопски села

Без струја утре дел од Драчево, Карпош и повеќе скопски села
Dел од Драчево, Карпош, како и повеќе скопски села уте ќе останат без струја во одредени периоди од денот поради зафати од страна на екипите на ЕВН Македонија за подобрување на мрежата. Така од 8 до 16 часот струја ќе нема во дел од  Драчево, поточно за корисниците околу стариот пат кон селата Батинци, Љубош, Драчевица, Цветово и Палигора. Претпладне од  8.30 до 10.30 часот, без струја ќе остане и улицата Сава Ковачевиќ бр. 79Б. Од 8.30 до 12 часот, прекини ќе има на улицата Јуриј Гагарин, односто областа до ресторанот Македон, но и на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов. Во периодот од 8.30 до 15.30 часот исклучени ќе бидат од корисниците од  село Грчец, од  9 до 15 часот училиштето во селото Кучевиште и селото Долно Блаце, додека од 12 до 14 часот без струја ќе останат станарите на зградата 55 на улицата Пресека во населбата Карпош.
Слично

Поврзани вести