Без провизии за трансакции на електронско и мобилно банкарство за физички лица на Охридска Банка до 15 април 2020
Охридска банка АД Скопје ја укинува провизијата на сите денарски трансакции од физички лица реализирани до 15 април 2020 година преку каналите за електронско и мобилно банкарство.
Охридска банка АД Скопје ја укинува провизијата на сите денарски трансакции од физички лица реализирани до 15 април 2020 година преку каналите за електронско и мобилно банкарство.
Во насока на интензивирање на превенцијата и заштита на клиентите и вработените од вирусот Ковид-19, како и следење на препораките на Народната банка, Охридска банка АД Скопје ги охрабрува клиентите да ги користат електронските канали за управувањето со личните финансии и да ги одложат посетите на експозитурите.
Апликацијата за мобилно банкарство – Моја банка и електронското банкарство на Охридска банка Ви овозможуваат плаќање преку ПП30 налози, ПП50 налози и интерни налози, увид во состојбата на сметките и картичките, увид во депозитите и кредитните производи, уплати на рати за кредит, локатор на банкомати и многу повеќе.
Апликацијата за мобилно банкарство – Моја банка, може да се преземе на Google Play и Apple Store.
За сите дополнителни консутации, Банката е достапна преку Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.
Охридска банка ги советува своите клиенти да ги почитуваат препораките за превенција на Министерството за здравство, како и да ги користат дигиталните канали на Банката.
