Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без еднократен надоместок до 31. мај за користење на електронското банкарство од Силк Роуд Банка

Без еднократен надоместок до 31. мај  за користење на електронското банкарство од Силк Роуд Банка

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите корисници на електронското банкарство за физички лица дека го продолжи промотивниот период до 31.05.2020 година, без еднократен надоместок од 500 денари за користење на можноста за вршење на електронски трансакции преку компјутер или мобилен телефон.

Со користење на електронското банкарство сите плаќања во државата и странство, плаќања на режиски трошоци и фактури може да се вршат од дома во било кое време без потреба од посета на експозитура на банката.

За клиентите кои имаат потреба од посета на експозитурите на банката, во периодот на важност на полицискиот час и мерките на Владата, сите експозитури на банката (освен експозитурата во Кисела Вода која е привремено затворена) работат со ново работно време од 08:00 до 14:00 часот.



Слично

Поврзани вести