Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатни паркиралишта за велосипеди во Центар

Бесплатни паркиралишта за велосипеди во Центар

Општина Центар, Велосипедската федерација на Македонија и ЈП Паркинзи на општина Центар заедно ќе работат на промоција на велосипедизмот. Тие денеска потпишаа Меморандумот за соработка за промоција на здрав и еко сообраќај под мотото „Го сакаш Центар? Да, на велосипед!“

Притоа треба да се изработи студија за велосипедски сообраќај, како дел од сообраќајната развојна студија на општина Центар, предвидено е проектирање и изградба на зелени велосипедски патеки на сите улици во надлежност на општина Центар со соодветна сообраќајна сигнализација, изработка на мапа на велосипедски патеки на територија на општина Центар.

За време на промоцијата на проектот беше нагласено дека се предвидува и зголемување на бројот на посебно уредени бесплатни паркинзи за велосипеди на сите паркиралишта на ЈП Паркинзи на општина Центар, поставување на посебно уредени паркинзи за велосипеди пред сите државни, јавни и културни објекти на територија на општина Центар, промоција на принципот „Сподели пат, има место за сите“, воведување на нов надомест за отстранување на непрописно паркирани или запрени возила на велосипедски патеки или паркинг места наменети за велосипеди.

Според најавите дел од средствата ќе се користат и за купување на нови велосипеди за граѓаните.
Слично

Поврзани вести