Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатни лекарски прегледи за жителите од село Драгобрашта

Бесплатни лекарски прегледи за жителите од село Драгобрашта

Акцијата наречена  „!Здравје за сите“ денеска започна од виничкото село Драгобрашта, која во наредните два месеци ќе ја организира и реализира Јавната здравствена установа „Здрвствен дом“ од Виница.

Жителите од село Драгобрашта имаа можност да извршат бесплатни прегледи и проверка на шеќер, масти, притисок, висина и тежина, а резултатите од прегледите беа евидентирани и се даваа соодветни препораки од лекарскиот тим преводен од др.Виолета Цоневска.

Денешните бесплатни прегледи ги искористија над 70-тина жители од село Драгобрашта на возраст од 5- до 70 години. Од Здравствениот дом во Виница најавуваат вакви акции да се реализираат и во останатите населени места во општина Виница.

Слично

Поврзани вести