Бесплатни лекарски прегледи за жителите на Ѓорче Петров
Жителите на Ѓорче Петров утре ќе можат да одат на бесплатен преглед. Општината во соработка со доктори специјалисти ќе овозможи бесплатни прегледи. Четири медицински екипи ќе мерат шеќер во крвта , крвен притисок, а ќе има и општи прегледи за сите заинтересираните граѓани. Настанот ќе се случи во реонскиот парк во Ѓорче Петров а ќе започне во 10 часот.
Слично
