Бесплатни билети за волонтерките од народната кујна во Ѓорче Петров
Шест волонтерки колку што работат во кујната на ѓаконијата во црквата „Св. Петар и Павле“, денеска добија бесплатни годишни автобуски билети од општина Ѓорче Петров.
Кујната почна со работа пред 16 години, под покровителство на Мисионерско-хуманитарната организација „Ѓаконија“ и на Македонската православна црква.
Бесплатни оброци се делат пет дена во неделата, од понеделник до петок. Над 100 корисници секојдневно ги користат услугите на оваа кујна. Општината секој месец одвојува дел од своите средства за набавка на потребните артикли за подготовка на храната.
Слично
