Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатна марихуана за сиромашни граѓани

Бесплатна марихуана за сиромашни граѓани

Според новиот закон донесен во градот Беркелеј во САД, жителите на тој град, кои имаат примања помалку од 32.000 долари годишно, а имаат лекарско одобрување за земање на марихуана во медицински цели, од идното лесто ќе добиваат марихуана бесплатно, пренесува Huffington Post.

Според новиот закон, кој едногласно е изгласан на Градскиот совет, болниците мораат да издвојат 2 посто од своите залихи за медицинска марихуана за распределба на сиромашните граѓани.

Законот веднаш наишол на многу противници.

„Тоа е без врска, зошто градот би го спонзорирал „пушењето“ на сиромашните жители, тоа само ќе придонесе кон беда и летаргија“ изјавил еден од тамошните бискупи, Рон Аллен.

Но, тие кои го поддржуваат овој закон имаат цврсти аргументи. Наведуваат дека марихуаната е позната како легален лек во Калифорнија, и затоа нема причини лекот да им биде скратен на оние на кои им е потребен, а не можат да си го дозволат.

„Постојат неколку случаи на сиромашни пациенти на кои овој лек навистина им е потребен, но за нивните приходи е доста скап и ова е единствениот начин да им се осигура медицинската употреба на марихуана“, рекол градоначалникот на Беркелеј, Том Бејтис за „The New York Times“ и така ја искажал својата јавна и недвосмислена поддршка на оваа иницијатива.

Слично

Поврзани вести