Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатен зимски одмор за децата од сиромашни семејства

Бесплатен зимски одмор за децата од сиромашни семејства

Пристигна првата група од 400 деца кои од  втори до осми јануари  ја користат бесплатна услуга за одмор и рекреација во одморалишата во Пелистер во Битола и во Бунец во Маврово.

Како што информираа од Министерството за труд и социјална политика, ова е вториот дел од Проектот користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на 3.000 деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. Според планот треба да бидат опфатени 1000 деца кои ќе заминат на бесплатен зимски одмор.

Втората група во зимските одмаралишта ќе престојува од 8-ми до 14-ти јануари, а третата од 14-ти до 20-ти јануари со што вкупно 600 дечиња ќе заминат на одмор во одморалиштето Пелистер во Битола, а околу 400 дечиња во Бунец во Маврово.

Слично

Поврзани вести