Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатен курс по англиски јазик и компјутери за сите жители на Скопје

Бесплатен курс по англиски јазик и компјутери за сите жители на Скопје
Бесплатни обуки по информатика и англиски организираат Градот Скопје и општините Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Гази Баба како партнери. Според најавата, станува збор за обуки на кои посетителите ќе се здобијат со основни познавања од информатика и англиски јазик, а се наменети за жители од Скопје. Рокот за пријавување за бесплатните обуки е до тринаесетти септември, а нема ограничувања во однос на возраста. За пријавивање потребна е фотокопија од лична карта и да се остави број на телефон, како и информација за кој курс се заинтересирани кај секретарите на училиштата. На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат тест, по што ќе добијат и соодветни сертификати. Во однос на обуките, информации за пријавувањето ќе бидат дадени и од општините кои што се вклучени во проектот.
Слично

Поврзани вести