Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатен адвокат за жители од југоисточна Македонија

Бесплатен адвокат за жители од југоисточна Македонија
Преку невладината организација „Ибор“, а со решение од Министерствто за Правда, ранливите и маргинализирани групи од југоисточниот дел на земјава ќе добијат бесплатна правна помош. Како што пренесе локалната телевизија Вис, здруженијата кои стекнаа право за давање на бесплатна правна помош се групирани во мрежа. Преку нив, жителите на Струмица, Радовиш, Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран, кои немаат доволни пари, не знаат како или пак едноставно спаѓаат во некоја од ранливите категории, треба да се обратат во „Избор“, од каде ќе им помогнат да стигнат до адвокат, да им се даде информација или целосна правна помош. Овластените здруженија покрај што даваат правна помош, истовремено го промовираат и правото за оваа можност достапна за граѓаните.
Слично

Поврзани вести