Берзата во Њујорк петти ден црвенее
На Волстрит во средата берзанските индекси паднаа петти ден по ред, откако записникот од последната седница на американската централна банка покажа дека нејзините челници се отворени за дополнителни поттикнувачки мерки, но само ако се влоши економската ситуација. Индексот Dow Jones ослаби за 0,38 отсто,на 12.604 поени, индексот S&P 500 падна за незначителни 0,02 проценти, на 1.341 поени, додека Nasdaq се намали за 0,49 отсто, на 2.887 индексни поени.
Слично
