Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беровското сирење ќе стигне и во Франција

Беровското сирење ќе стигне и во Франција
Македонската општина Берово и збратимениот француски град Ливеро, во кој исто така се произведува сирење, ќе ја интензивираат соработката. Ова ќе го стави Берово на листата од седум македонски градови со кои француската покраина Долна Нормандија во следните три години ќе реализира проекти вредни 1,3 милиони евра, објави Канал 77. Проектите се во сферата на културата, но и на економијата, а во економската соработка целиот фокус е ставен на производството на сирење, вели француската амбасадорка во земјава Лоренс Оер. Беровското сирење ќе се најде на саемот што ќе се одржи во Ливеро на почетокот на август. Освен ова летово Берово ги очекува и првите организирани тури на туристи од Франција. Годишно во Малешевијата се произведуваат околу 400 тони сирење.
Слично

Поврзани вести