Бен Афлек е опседнат со пари!
Опседнат сум со пари од раното детство, призна американскиот актер Бен Афлек. Тој за магазинот„Плејбој” открил дека се плаши да не заврши како неговиот татко, кој поради проблем со алкохол изгубил се што имал.
„Штом еднаш почнете да пиете, тешко дека ќе си ги реализирате соништата, мојот татко своевремено многу пиеше, алкохолот го уништи, мајка ми го исфрли од куќата“, вели Афлек.
„ Во мојата глава, од дете, парите имаа големо значење. Тоа ми е во крв“, додава тој правдајќи се дека поради таа опсесија направил и некои филмови кои смета дека не требало да ги снима.
Слично
