Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бебе се роди во метрото во Мексико Сити, доби доживотно гратис возење

Бебе се роди во метрото во  Мексико Сити, доби доживотно гратис возење

Откако едно бебе деновиве беше родено на станица на подземна железница во Мексико Сити, на подарок доби доживотно бесплатно возење со метро.

Мајката на новороденчето вчера тргнала со подземната железница до болница, кога ненадејно започнале контракции. Дваесет и две годишната жена се породила на влезот на една станица, а помош и пружиле лекарите на итна помош и вработените во метрото и полицијата.

Штом ја слушнал веста, градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Мансера на својот профил на Твитер напишал дека малото момче ќе може да се вози со метро цел живот без пари.

Слично

Поврзани вести