Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАШ МИ Е ГАЈЛЕ ЗА ДОЧЕКОТ: 5 начини Новата година да ја прославите многу поопуштено!

БАШ МИ Е ГАЈЛЕ ЗА ДОЧЕКОТ: 5 начини Новата година да ја прославите многу поопуштено!

Секој крај на годината е обележен со гужви, редици и брзања. Сите брзаат сакајќи до последен момент да купат подароци и нова гардероба за Нова Година.

Од сите страни не прашуваат каде ќе одиме за дочекот, што ќе облечеме, а тоа умее да создаде ужасен притисок и да изнервира.

Меѓутоа, ако спаѓате во онаа група која празничната еуфорија не ја допира премногу, не грижете се бидејќи не сте единствени. Многумина, посебно вработените луѓе, кои на 1 јануари мора да се вратат на работа, разбирливо не им придаваат премногу значење на новогодишните празници.

Доколку и вие сте меѓу нив, 31 декември може да го поминете така што ќе си подарите себе си ден за опуштање. Еве што може да правите за малку поинаков дочек доколку не излегувате од дома, и сакате да заборавите на обврските а да се опуштите.

1. Книга или магазин

Притоа мислиме на нешто што нема да бара премногу концентрација. Лесни романи или некој интересен магазин, ќе биде одличен избор да се впуштите во светот на фантазијата и накратко да заборавите на сите грижи.

2. Музика

Пуштете го својот омилен албум и за момент се ќе стане полесно и подобро ќе се чуствувате.

3. Топол напиток

Згответе си шолја од омилената пијачка и едноставно седете си во мир и размислувајте за што сакате. Или, со напитокот, прелистајте го омиленото списание и пронајдете инспирација за уредување на домот или некоја нова гардеробна комбинација.

4. Топла купка

Постои ли тој стрес, кој топлата купка не може да го намали? Разна сол и мириси дополнително ќе го опуштат вашиот ум и тело.

5. Омилена серија или филм

Дури иако вашата омилена серија е готова, постојат уште толку многу други, со кои можете да се опуштите кога и да имате време.

И не заборавајте-кога за Нова година на мобилен почнат да ви пристигаат пораки со честитки, доколку не сакате веднаш да одговорите на нив, тоа е сосема во ред. На вашите блиски луѓе и онака ќе им биде драго подоцна, во текот на 1 јануари да поразговарате, бидејќи тој повик ќе биде многу потопол и поискрен от циркулираните пораки кои сите ги добиваме.

Слично

Поврзани вести