Барате работа? Германија бара берачи на аспарагус, плата 150 евра на ден
Низ хрватските медиуми овие денови се шири веста за напорна, но брза заработка, за која не е потребно познавање на германски јазик, туку само добра телесна кондиција и доволно слободни денови за привремено вработување.
Како што пишува Слободна Далмација, се работи за берачи на аспархгус во Германија со дневна плата која достигнува и до 150 евра, пауза за обилен ручек и слободна недела.
Сезонската работа на берачи на аспаргус трае од овие денови па до јуни (во времето на сез0ната на аспаргусот), а за разлика од добрата и брза заработка, како негативна страна на оваа работа тревба да се истакне подгрбавената положба, макотрпна репетитивна мануална работа и повремено тешко подносливи климатски услови - топло и работа во кал.
Јасминка Лемо, претседателката на Здружението на невработени во Сплитско-далматинскиот округ порачала дека ваквиот тип на вработување не е трајно решение.
-Целосно ги разбирам очајните, невработени и презадолжени граѓани, не само во Хрватска туку на цел Балкан, кои ги разгледуваат опциите за сезонска работа во странство, но ние - а веројатно и тие сами не го сметаат за сериозно решение.
Поопширно и повеќе информации прочитајте на оригиналната тука страна од која е преземена веста.
На овој линк може да побарате повеќе информации за работа во Германија од повеќе различни области.

