БАРАЈТЕ НИЗ ДОМА: Ако ја имате оваа Nokia од 2002 година може да заработите вистинско богатство!
Ако некаде во некоја фиока или полица во оставата имате некој од своите стари мобилни телефони кои денес воглавно се сметаат за „класични“, би можеле сега да заработите многу пари.
А некогаш најпоскануваната “Nokia 3310” сега во Британија се продава по цена од 10 до 55 фунти.
Меѓутоа , вистинско богатство од дури 50 000 евра може да заработите доколку ја имате „Nokia 1100“ .

Овој телефон е произведен во 2002 и почетокот на 2003 година и неговата првична цена изнесувала 75 евра, меѓутоа, поради една „мана“ овој уред стана многу баран од страна на хакерите и криминалците.
Имено , моделите на „Nokia 1100“ кои се произведени во Бохум во Германија имаат софтверска мака која, покрај останатото може да се искористи и за илегални трансфери на пари, следење на повици и прислушување.
„Nokia 1100“ е посебно привлечна за криминалистичките групи од Русија, Мароко и Романија кои се подготвени да дадат дури и до 50 000 евра за неа.
