Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бар Форца и Винарската визба „Тиквеш“ одржаа работилница за подигнување на винската култура во земјава

Бар Форца и Винарската визба „Тиквеш“ одржаа работилница за подигнување на винската култура во земјава
Бар Форца продолжува со својот вински концепт и овој пат заедно со најголемата винарница во Македонија „Тиквеш“ одржа едукативна работилница за подигнување на винската култура во земјава. IMG_3835 Менаџерот за вински туризам на винаријата, Александар Ристовски, на присутните на работилницата им презентираше дел  од портфолиото на Тиквеш, како и правила на комбинација на различните вкусови со храна. IMG_3828 „Горди сме што Тиквеш како најпрепознатлива македонска винарница со винска историја која временски се простира низ три векови, е дел од новиот вински концепт во Бар Форца. Наша заедничка цел е подигнување на винската култура во државата, како и зголемување на знаењето кај заинтересираните за историјата на виното и долгата традиција на Винаријата Тиквеш.“, велат од Бар Форца IMG_3882 Досегашните едукативни вински работилници, кои се оддржуваат во склоп на новиот вински концепт на Бар Форца, се позитивно прифатени од сите заинтересирани, кои го зголемуваат своето знаење за историјата на виното како пијалок, како и технологијата при изработка на истото. Истите помагаат да се зголеми и свеста за винска култура во државата која ќе ја позиционира Македонија на светската мапа на познати вински региони кои нудат вино со висок квалитет и долга историја и ќе ја претстави како винска нација која има што да ѝ понуди на светската јавност. IMG_3848 Од Бар Форца најавуваат едукативни работилници и за идната година.
Слично

Поврзани вести