Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балмер го напушта Microsoft

Балмер го напушта Microsoft

Поранешниот извршен директор на Microsoft, Стив Балмер, повеќе нема да биде во управниот одбор на оваа компанија.

Неговите планови, после 34-годишната кариера во Microsoft, се поврзани за сосема друга област. Тој сега сака да се посвети на ЛА Клиперс, спортскиот тим кој од неодамна е во негова сопственпост.

Покрај тоа, ќе биде ангажиран на Стенфорд, каде ќе држи предавања од есента.

Акциите на Microsoft кои Балмер ги има во сопственост ќе останат таму, а Балмер ќе продолжи да им помага во вид на совети и стратегија. Инаку, Балмер, пренесува АП, е најголемиот поединечен акционер на Microsoft, со 333,3 милиони акции вредни околу 15 милијарда долари.

Сатиа Надела, му се заблагодари на Балмер на поддршката која им ја понуди во овој период.

За сега нема информации дали или кој ќе го замени Балмер во УО на Microsoft.

 
Слично

Поврзани вести