Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балкан Економик Форум потпиша договор за стратешко партнерство со Кипарскиот форум

Балкан Економик Форум потпиша договор за стратешко партнерство со Кипарскиот форум

Здружението за регионален развој Балкан Економик Форум (Balkan Economic Forum) потпиша договор за стратешко партнерство и соработка со компанијата Zenox Policy Innovations LTD од Никозија, која го организира познатиот Кипарски форум (Cyprus Forum).

Целта на овој договор е да се зајакне поврзаноста помеѓу двете организации во насока да се обезбеди динамична платформа за поддршка на економиите и бизнис заедниците на земјите од поширокиот регион. Организаторите на Кипарскиот форум ќе обезбедат менторска поддршка за експанзија и дополнителен развој на Balkan Economic Forum и ќе го пренесат своето долгогодишно искуство во организирање на елитни бизнис и економски настани.

Претседателот на Balkan Economic Forum, професорот Сашо Ќосев, по повод потпишувањето на договорот за партнерство вели: “Навистина сме среќни што секојдневно наоѓаме нови сојузници и партнери кои веруваат во мисијата на Balkan Economic Forum и ги препознаваат вредностите што оваа платформа ја носи за земјите од регионот. Чест ни е што во годините што претстојат ќе имаме прилика одблиску да соработуваме и да научиме од досегашното искуство на еден од најреспектабилните форуми во светот каков што несомнено е и Cyprus Forum”

Балкан Економик форум - БЕФ (http://www.balkaneconomicforum.org/) е основан во 2014 година идосега организираше годишна конференција во 2015 година во Атина. Следното издание на настанот е планирано да се одржи во наредната 2022 година.

БЕФ во моментов учествува во подготовка на меѓународната конференција “Balkans to Asia: scouting economic opportunities for stronger collaboration”, планирана да се одржи online при крајот на годинава истовремено во три градови: Брисел, Скопје и Њу Делхи. 

Слично

Поврзани вести