Економија, финансии, бизнис

Контакт

B-watch е прва домашна компанија со реклама на Инстаграм

B-watch е прва домашна компанија со реклама на Инстаграм
Компанијата B-watch, е првата домашна компанија која пласираше реклама на социјалната мрежа Инстаграм. Компанијата која е лидер во дистрибуција, продажба и сервисирање на брендирани часовници ја спонзорираше првата реклама од Македонија во првиот ден кога Инстаграм на светско ниво дозволи спонзорирани постови, односно рекламни пораки на својата социјална мрежа. - Многу ни е драго што сме пионери во оваа област со првата реклама на социјалната мрежа Инстаграм. Мисијата на нашата компанија, освен задоволување на потребите на сите наши купувачи е и следење на последните трендови во маркетинг индустријата, посебно во сферата на дигиталниот маркетинг - вели сопственикот на B-watch и додава дека за компанијата отсекогаш било предизвик да биде во чекор со трендовите во маркетингот и однапред да ги предвидува следните значајни достинувања во оваа индустрија. 1.405 Рекламата беше пуштена на Инстаграм преку сервисот на агенцијата за дигитален маркетинг IM.mk. Освен со следење на трендовите во дигиталниот маркетинг со рекламирање на Facebook Google и Instagram, B-watch е и прва домашна компанија за продажба и дистрибуција на часовници која ангажира бренд амбасадори за промоција не само на визијата и стратегијата на самата компанија, туку и на брендовите кои ги застапува. За таа цел беше ангажиран популарниот рапер Тони Зен како прво заштитно лице на B-watch. По него следуваше соработка со македонската блогерката MissUrbanVibe, а најновиот бренд амбасадор на B-watch е најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски- Иџе. За компанијата Компанијата B-watch е основана уште во далечната 1928 година кога е отворен и првиот нејзин дуќан во Струмица. По ова во 1960-та година се отвара и првиот дуќан во Скопје, во Старата Скопска чаршија. До денес компанијата брои 6 продажни салони во најфреквентните места во Скопје, Штип и Охрид. Во својата широка палета на брендови за часовници ги вбројува и Festina, Esprit, Pierre Cardin, Swiss military, Cerruti, Jaguar, Calipso, Haribo како и накит од реномираните Esprit, Lotus и кожени ремени за часовници од брендот Hirsch.
Слично

Поврзани вести